Mozzart е релативно ново казино кое последниов период функционира и како онлајн платформа за казино игри и спортско обложување и покрај тоа што веќе подолг период функнионира како физичка обложувалница и е доста добро позната помеѓу љубителите на спортските тикети во Македонија.
Ова казино нуди голем број на слот игри на апарати и дополнително е достапен и рулетот, а додека пак онлајн платформата содржи многу повеќе казино игри и уште поголем избор на игри на слот апарати.
Како да извршите исплата во Mozzart?
За да можете да извршите исплата во Mozzart најпрво треба да бидете најавени на платформата, односно да имате корисничка сметка. Откако ќе го сторите тоа, мора исто така профилот да ви биде верификуван со помош на прикачување на електронска форма од вашата лична карта.
Ако сте ги направиле овие чекори, се што треба да направите е да кликнете на копчето „Казино“ при што ќе бидете пренасочени на делот кој се однесува на вашиот профил. Следно треба да кликнете на „Исплата“ по што ќе имате можност дали сакате да извршите исплата преку банкарска сметка, односно парите да ви бидат исплатени на вашата сметка или сакате да ви биде извршена исплата на некој од Mozzart физичките локации на шалтер.
Доколку изберете преку банкарска сметка, треба да внесете износ кој сакате да ви биде исплатен и да ја внесете вашата трансакциска сметка по што ќе ви бидат исплатени средствата.
Ако пак сакате да ви биде извршена исплата на некоја од физичките локации на шалтер, ќе треба секако да ја внесете сумата за исплата и локацијата од каде што сакате да ги подигнете средствата при што ќе добиете код со кој код можете да ги подигнете средствата во некоја од локациите.

