Француска прва лига табела

standings

Француската Прва Лига, или попозната како Ligue 1, е најкомпетитивната фудбалска лига во Франција. Дом е на интернационално познати екипи од калибарот на ПСЖ, Монако, Марсеј, Тулуз, Брест и Лион.

Француска прва лига табела

Интересот за ова натпреварување е голем како во светот, така и во Македонија. Sport365 е тука да ви ги донесе најновите случувања од Првата Лига во Франција. На оваа страница, можете да ја прегледате моменталната табела, формата на клубовите, број на изиграни натпревари и многу повеќе.

Факти за француската Прва Лига

Француската лига постои речиси еден век. Инаугурацијата на ова натпреварување е во 1930. Најпрвин, таа го носеше името Национал (National), а моменталното име стапи во сила во 2002. Во првата сезона, Првата Лига во Франција броеше 20 тимови, а дел од нив се сеуште присутни на највисоко ниво. Тие се:

  • Лил
  • Монтпелиер
  • Марсеј
  • Ница
  • Рене

Од својата инаугурација до денес, над 70 тимови се имаат натпреварувано во француската Прва Лига. Останати факти кои вреди да ги знаете се следните.

Формат на лигата

Во првата сезона, првата француска лига имаше 20 тимови. Таа бројка падна на 14 во сезоната 1933/1934. Низ годините, форматот постојано се менувал. Дваесет тимови броеле сезоните 1946/1947 , 1958-1963, 1965–1968 и 2002–2023. Во 2023/2024, лигата повторно се враќа на 18 тимови.

Сезоната во француската лига почнува во август и завршува во мај. Ако не ги земаме во предвид плус поените за интернационални натпреварувања, првите три екипи добиваат место во Лигата на Шампионите.

Четвртопласираната екипа игра квалификации за Лига на Шампиони, петтопласираната екипа добива место во Европа Лигата, а шестопласираната екипа добива место во Конференциската Лига.

Последните две екипи испаѓаат во Француската Втора Лига, а 16-то пласираната екипа игра плејоф за опстанок.

Француските тимови во интернационални натпреварувања

Иако голем број фанови би го занемариле овој факт, француските екипи доста добро квотираат во европските натпреварувања. Марсеј ја има освоено Лигата на Шампионите во 1993, а ПСЖ го има освоено Купот на Победници (кој веќе не се игра) во 1996.

Низ годините, француските тимови изгубиле во финалињата на европските турнири во 14 наврати.

Број на трофеи по тимови

Моментално, ПСЖ е најтрофејниот тим во Првата Лига во Франција. Тие ја доминираат модерната ера на фудбалот во оваа држава. Помеѓу 2018 и 2024 година, ПСЖ ја освоија титулата на 5 наврати. Единствената сезона која не беа крунисани шампиони беше 2020/2021. Оваа сезона, Лил беше крунисан како шампион со 83 поени, додека ПСЖ беа на второ место со 82. Останати тимови кои биле шампиони се:

  • Сент Етиен – 10 титули
  • Марсеј – 9 титули
  • Монако и Нантес – 8 титули
  • Лион – 7 титули

Бидете во тек со сите вчерашни, денешни, моментални и утрешни натпревари во Првата Лига

Sport365 ви дава пристап до сите вчерашни, денешни и утрешни натпревари во француската Прва Лига. Распоредот можете да го прегледате во кое било време и место. Регистрација или претплата не ви е потребна за да ги користете нашите услуги.

Едноставно отворете ја нашата веб страна и пристапете кон соодветното мени. Покрај овие натпревари, можете да гледате резултати во живо. Sport365 нуди најнови информации од сите натпревари во француската Прва Лига кои се играат во моментот на вашата посета.

Sport365.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.