Англиската Премиер Лига е најпрестижната фудбалска лига во Англија, а и најпопуларната во светот. Статистиките покажуваат дека над 3 милијарди луѓе низ светот гледаат барем еден натпревар во регуларната сезона. Од нив, 1.87 милијарди се активни обожаватели кои константно ги пратат најновите случувања.

Sport365 ја носи Англиската Премиер Лига на вашиот компјутер и телефон. Нашата платформа ви дава детален приказ на моменталната табела, формата на екипите, како и натпреварите кои се одржале и треба да се одржат.
Нашата страна е бесплатна и не бара никаква претплата или регистрација. Вие имате целосна слобода да ги користете нашите статиститки на кој било уред.
Факти за Англиската Премиер Лига
Премиер Лигата е дом на голем број популарни фудбалски екипи. Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи и Тотенхем. Сите овие клубови имаат фан бази кои бројат милиони членови од секој крај на светот. Некои останати интересни факти кои вреди да ги знаете за оваа престижна лига се следните.
Најтрофејни клубови
Двата најтрофејни клубови во Премиер Лигата се Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Арсенал и Манчестер Сити исто така имаат двоцифрена бројка на освоени трофеи. Некои екипи кои биле крунисани шампиони Англија и се неочекувани на оваа листа се:
- Sheffield Wednesday (4 титули)
- Huddersfield Town (3 титули)
- Nottingham Forrest (1 титула)
- West Bromwich Albion (1 титула)
- Derby County (2 титули)
- Wolverhampton (3 титули)
- Portsmouth (2 титули)
- Preston North End (2 титули)
Најдобри играчи кои играле во англиските клубови
Титулата за најдобар играч е поим кој вклува лични вкусови. Низ годините, Премиер Лигата била дом на доста легендарни играчи кои имале огромни придонеси за своите клубови. Некои играчи кои вреди да се спомнат се Стивен Џерард, Френк Лампард, Денис Беркгамп, Тиери Анри, Роби Фаулер, Вејн Руни и Дејвид Бекам.
Некои од овие играчи биле толку добри што успеале да ја добијат најпрестижната награда за индивидуален успех – Ballon D’Or. Дел од нив се:
- Боби Чарлтон (1966, Манчестер Јунајтед)
- Џорџ Бест (1968, Манчестер Јунајтед)
- Мајкл Овен (2001, Ливерпул)
- Кристијано Роналдо (2008, Манчестер Јунајтед)
- Родри (2024, Манчестер Сити)
Англиските клубови во интернационални натпреварувања
Кога станува збор за престижни интернационални натпреварувања, англиските тимови имале огромен успех низ годините. Интересен факт е тоа после катастрофата на Хејзел, англиските тимови имаа бан за настап во Лигата на Шампионите од 1985 до 1990 година.
Во Лигата на Шампионите, англиските екипи успеале да бидат прваци над 15 пати. Дел од екипите кои биле крунисани шампиони се Ливерпул, Челзи, Астон Вила, Манчестер Сити, Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед.
Европа Лигата имала англиски шампиони на над 8 наврати, меѓу кои и Ипсвич (1) и Тотенхем (2). Вест Хем Јунајтед е меѓу ретките англиски екипи кои ја освоиле Конференциската Лига.
Формат на лигата
Премиер Лигата се состои од 20 екипи кои меѓусебно играат два пати. Заради тоа, една сезона брои вкупно 38 натпревари. Првопласираната екипа е крунисана како шампион, а првите 4 екипи добиваат пласман во Лигата на Шампиони, со простор за уште една екипа, во зависност од успехот на интернацинално ниво.
Петтопласираната екипа добива пласман во Европа Лигата, шестопласираната екипа добива место во Конференциската Лига. Доколку првите пет екипи добиваат место за Лигата на Шампионите, екипите кои одат во Европа Лига и Конференциска Лига се поместуваат за едно место подолу.
Последните три екипи испаѓаат во втората лига и се заменати од трите првопласирани екипи од тоа натпреварување.

