Македонската фудбалска Прва Лига е најпрестижната фудбалска лига во Македонија. Тука се натпреваруваат најдобрите екипи од нашата држава. Редовната сезона започнува во средината на август и вкупно се играат 33 кола.

Sport365 ви дава пристап до сите најнови случувања на ПМФЛ. На оваа страница, можете да ја прегледата моменталната состојба на табелата. Нашата табела ви дава приказ до моменталната позиција на македонските тимови, нивната форма, број на постигнати и примени голови и многу повеќе.
Факти за Првата Македонска Фудбалска Лига
Секој кој е фан на македонскиот фудбал е добро да запознае со нашата најкомпетитивна лига. Заради тоа, тимот на Sport365 издвои неколку интересни факти кои вреди да ги знаете за ова натпреварување.
Најуспешни екипи
Најуспешната екипа во историјата на ПМФЛ е Вардар со освоени 6 титули. Останати екипи кои биле крунисани шампиони се Работнички, Шкендија, Силекс, Слога Југомагнат, Победа, Шкупи, Македонија Ѓорче Петров, Ренова и Струга Трим и Лум.
Успешност според градови
Според градови, Скопје е најплодно место за раѓање шампиони. Вкупно 20 титули биле освоени од екипи кои се од нашиот главен град. Следен е Тетово со 5, Кратово со 3, Прилеп со 2 и Струга со 1.
Најдобри стрелци во историјата
Топ три листата на најдобри стрелци во историјата на македонската Прва Лига се состои од:
- Бесарт Ибраими – 200 постигнати голови
- Блаже Илијоски – 166 постигнати голови
- Зоран Бошковски – 125 постигнати голови
Бесарт Ибраими е единствениот активен играч од оваа листа, па затоа, бројот на голови кои ги постигнал може да се зголеми.
Формат на лигата
Лигата се состои од 12 екипи. За разлика од останатите лиги, македонските екипи не играат меѓусебно во два наврати. Напротив, форматот на лигата брои три меѓусебни натпревари. Заради тоа, ПМФЛ има 33 натпревари во една регуларна сезона.
Низ годините, бројот на екипи константно се менувал. Првата сезона е одржана во 1992 и тогаш имало вкупно 18 екипи. До 1996, бројот се намалил на 14, а од 2001 до 2014 година, лигата броела 12 екипи. Единствен исклучок е сезоната 2008/2009 кога Башкими се повлекле од натпреварувањето.
Помеѓу 2014 и 2020, Првата Македонска Фудбалска Лига брои 10 екипи, а последниот формат од 12 екипи се воведува на почетокот на сезона 2020-2021.
Победникот на ПМФЛ оди во квалификациска фаза за Лигата на Шампионите. Второ и третопласираанта екипа играат квалификации за Конференциската Лига. Десеттопласираната екипа игра плејоф за опстанок, додека двете последнопласирани екипи испаѓаат во Втората Македонска Фудбалска Лига.
Поврзани натпреварувања
Фудбалскиот Куп на Македонија е еден од најважните натпреварувања поврзани со ПМФЛ. Моментално, рекордот за освоени трофеи го држи Вардар (5). Сите тимови од Првата Лига се натпреваруваат во Купот на Македонија. Победникот на Купот добива место за квалификациите на Конференциската Лига.
Втората Македонска Фудбалска Лига и исто така поврзана со ПМФЛ. Таа се состои од 16 екипи кои играат 30 натпревари во една сезона. Првакот на лигата, заедно со второпласираната екипа се унапредуваат во ПМФЛ, додека третопласираната екипа игра плејоф со десеттопласираната екипа од ПМФЛ за место во првата лига.
Бидете во тек со ПМФЛ и останатите лиги во Европа
Sport365 платформата ви дава пристап до сите вчерашни, денешни и утрешни натпревари во ПМФЛ. Исто така, имаме страница посветена на резултати во живо. Сите овие менија се достапни на нашите посетители.
Покрај ПФМЛ, ние ви овозможуваме да бидете во тек си сите најпрестижни лиги во Европа. Притоа, не бараме никаква регистрација за да ги користете нашите услуги.

