Според официјалниот индекс на квалитет на лигите од Европа, шпанската Ла Лига секогаш била на второто или третото место. Овој ранкинг е доказ за квалитетот на фудбалот кој се игра во ова престижно натпреварување.

Ла Лига е дом на доста легендарни тимови со огромно фудбалско наследство. Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Валенсија и Севиља се само дел од екипите кои се дел од ова наследство.
Sport365 ја носи Ла Лига до вашите мали екрани. На оваа страница, можете да ја прегледате моменталната табела на ова натпреварување, формата на тимовите и да уживате во неколку дополнителни услуги.
Факти за шпанската Ла Лига
Доминацијата на тимовите од Ла Лига трае веќе многу години. Тики-така стилот на играње, кој беше популаризиран од страна на Барселона, почна да го применува секој тим од лигата. Заради тоа, често гледаме офанзивни мечови, полни со голови. Сите фанови на Ла Лигата, а и на фудбалот, треба да знаат неколку интересни факти.
Ел Класико низ бројки
Најголемото и најгледаното дерби во шпанската Ла Лига е Ел Класико, односно судирот помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Ова дерби се одликува со доста големо ривалство, играчи кои играле за двата тима и историски резултат кој е прилично еднаков за двете страни.
Дел од играчите кои играле за двата тима и биле мети на критики се Алфредо ди Стефано, Луис Енрике, Роналдо Назарио, како и Луис Фиго. Најголемата победа ја има издвоено Реал Мадрид во 1943 во Копа Дел Реј купот. Финалниот резултат на овој натпревар беше 11-1.
Досега, двата тима имаат играно меѓусебно на над 250 наврати и бројот на победи на двете страни е прилично близок, околу 90 за Реал Мадрид и Барселона. Најдобар стрелец на овие натпревари е Лионел Меси (26), а најмногу настапи има Серхио Бускетс (48).
Според статистиките, овој меч привлекува околу 650 милиони гледачи од целиот свет. Тоа го прави еден од најпопуларните натпревари на глобално ниво.
Доминација во Лига Шампиони и Европа Лига
Две екипи кои се синоними со Лигата на Шампионите и Европа Лигата – Реал Мадрид и Севиља. Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Лигата на Шампионите (15+ титули). До ден денес, тие остануваат единствена екипа која успеала да ја освои титулата во три последователни години (2016, 2017, 2018). Милан е единствената екипа која е блиску до Реал, но тие имаат 7 титули.
Од друга страна, Севиља е синоним со Лига Европа. Оваа екипа е најдоминантна во вториот најкомпетитивен турнир во Европа. Досега, тие имале 100% ефект – седум пати учествувале во финале на Лига Европа и седум пати биле крунисани како шампиони.
Формат на лигата
Ла Лига се состои од 20 екипи. Од формална гледна точка, првите четири екипи добиваат пласман во Лигата на Шампионите, додека екипите на петто и шесто место добиваат пласман во Лига Европа и Конференциска Лига. Секоја сезона се состои од 38 натпревари. Секој тим игра со останатите екипи на два наврати. На крај од сезоната, трите последнопласирани екипи испаѓаат во втората лига.
Најдобри стрелци во Ла Лига
Листата на најдобри стрелци во Ла Лига се состои од доста квалитетни играчи, меѓу кои и две модерни легенди на фудбалот:
- Лионел Меси (474 голови)
- Кристијано Роналдо (311 голови)
- Телмо Зара (251 голови)
- Карим Бензема (238 голови)
- Хуго Санчез (234 голови)
- Раул (228 голови)

