Германска бундеслига табела

standings

Покрај забавната содржина на социјалните медиуми, германската Бундеслига носи забава и непредвидливост со секое коло. Германските екипи се познати по нивниот менталитет. Тој гласи дека играта не е завршена додека не свирне судијата. Овој менталитет е дел од причината зошто секој натпревар е полн со возбудувања и голови.

Германска бундеслига табела

Sport365 е вашата веродостојна веб страна каде можете да ги добиете сите новости поврзани со Бундеслигата. На оваа страна, можете да уживате детален преглед на табелата на оваа лига и да ги користете нашите податоци за ваша спортска анализа или за да сте во тек со најновите случувања.

Факти за германската Бундеслига

Еден од најинтересните факти за германската Бундеслига е тоа што таа е една од поновите лиги во Европа. Инаугуративната сезона се одржува во 1963 година. За новите фанови на фудбалот, важно е да се напомни дека и втората лига во Германија го носи името Бундеслига, со тоа што нејзиното официјално име е 2.Бундеслига.

Една од причините за ,,младоста’’ на најкомпетитивната германска лига е поделбата на Германија помеѓу Источна и Западна во минатиот век. Најпрвин, лигата броела 16 тимови, но форматот постојано се менувал.

На интернационално ниво, германските екипи покажале добар успех низ годините. Ако се земат во предвид Лигата на Шампионите, Европа Лигата, Супер Купот, итн., ги имаме следните податоци:

  • Лига на Шампиони: шампиони во 6 наврати, финалисти во 11 наврати
  • Европа Лига: шампиони во 7 наврати, финалисти во 9 наврати
  • Супер Куп: шампиони во 2 наврати, финалисти во 7 наврати

Баерн Минхен – тим кој се издвојува од конкуренцијата

Еден од тимовите од Германија кој успеа да се издвои од конкуренцијата низ годините е Баерн Минхен. Иако на прв поглед изгледа дека Баерн Минхен има успех само на домашно тло, Баерн Минхен се прикажува во најдобро светло и на интернациналната сцена.

Историски гледано, Баерн Минхен е најтрофеен клуб во Германија. Бундеслигата ја има освоено над 30 пати. На второто место е Борусија Дортмунд со помалку од 10 титули, а тоа дава добар приказ на комплетната доминација на овој тим.

Во европските натпреварувања, Баерн Минхен ја има освоено Лигата на Шампиони во 6 наврати. Дортмунд и ХСВ (Хамбургер СВ) ја имаат освоено само еднаш. Исто така, Баерн Минхен има репутација на клуб кој ги собира најдобрите таленти во Германија и ги претвора во супер-играчи.

Најдобри стрелци во историјата на Бундеслигата

Голем дел звучни имиња се дел од листата на најдобри стрелци во историјата на Бундеслигата. Оваа листа се состои од следните играчи:

  • Герд Милер – 365 голови
  • Роберт Левандовски – 312 голови
  • Клаус Фихер – 268 голови
  • Јуп Хејнкс – 220 голови
  • Манфред Бургсмилер – 213 голови
  • Клаудио Пиѕаро – 197 голови

Формат на лигата

Бундеслигата се состои од 18 тимови. Ако не се земе успехот на интернационалните натпреварувања од минатата сезона, првите четири екипи добиваат директен пласман во Лигата на Шампионите. Екипата која завршува на петто место оди во Европа Лига, а шестопласираната екипа добива место во Конференциската Лига. Последните две екипи испаѓаат во втората лига, а 16-то пласираната екипа игра плејоф за опстанок.

Пратете ги сите натпревари од Бундеслигата со Sport365

Sprot365 е платформа креирана од спортски ентузијасти. Ние ви даваме пристап до сите вчерашни, денешни и утрешни натпревари во Бундеслигата. Покрај тоа, можете да ги пратете сите резултати во живо од Бундеслигата и од сите останати познати натпреварувања во Европа.

Sport365.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.