Според ранкинг коефициентот, италијанската Серија А секогаш се пласирала во топ 3 најкомпетитивни лиги во Европа. Стилот на игра тука е синоним со тактика, претпазливост, акцент на одбраната и поголема грубост во споредба со останати лиги.

Доколку сакате да имате детален преглед на моменталната табела на Серија А, дојдовте на вистинското место. Sport365 ги следи сите случувања во најпрестижната италијанска фудбалска лига и ги носи на вашите мали екрани.
Табелата можете да ја прегледате во кое било време и од кој било уред. Sport365 е десктоп и мобилна платформа. Сите наши услуги ви се достапни на паметните телефони без никакви проблеми и пречки.
Факти за Серија А
Серија А е полна со интересни факти, динамична историја и огромно фудбалско наследство. Ова се само дел од причините зошто лигата е една од најгледаните во Европа и светот до денес. Дел од тие факти вреди да се спомнат и според нас, фудбалските фанови треба да ги знаат.
Стилот на игра и успех во Европа
Секоја лига во Европа се карактеризира со одреден стил на игра. Шпанија ја има тики-така играта, Англија ја има офанзивната игра, а Италија е тотално спротивна на двете. Тука приоритетот не е давањето голови, туку зачувувањето мрежа.
Во зборовите на легендарниот сер Алекс Фергусон, ,,нападот победува натпревари, а одбраната освојува титули’’ е најдобрата изрека која одлично ја карактеризира италијанската Серија А.
Историски гледано, овој стил на игра им донесе доста голем успех на италијанските екипи во меѓународните натпреварувања. Во Лигата на Шампионите, Милан е второпласиран по број на освоени трофеи (7). Интер ја имаат освоено Лигата на Шампионите во 3 наврати, а Јувентус еднаш. Покрај тоа, италијанските екипи настапиле во 17 финалиња каде освоиле сребрен медал.
Легендарни играчи кои играле во Серија А
Низ годините, Серија А била дом на многубројни играчи. Дел од нив се имиња кои се прославиле во други лиги и својот врв го достигнале во Италија, а дел се имиња кои се издвојуваат за нивната лојалност кон клубовите.
Некои од играчите кои вреди да ги спомнеме во овој контекст се Џианлуиџи Буфон, Кафу, Малдини, Алесандро Неста, Кафу, Дида, Чиро Ферара, Дејан Станковиќ, Волтер Самуел, Алесандро Дел Пиеро, Франческо Тоти, Андреа Пирло, Кристијано Ронално, Роналдо Назарио и Кака.
Најтрофејни клубови
Ако ги гледаме трофеите во интернационалните купови, Милан ја води листата со 17 титули, а Јувентус е зад нив со 11. Но со оглед на тоа дека оваа страница е посветена на Серија А, мораме да се фокусираме на домашната сцена, Јувентус ја води листата со 36. Интер е зад нив со околу 20, а Милан е веднаш зад Интер со 19.
Неколку тимови кои ја имаат освоено лигата и се изненадување на оваа листа се Хелас Верона (1), Каљари (1), Про Верчели (7) и Новезе (1). Про Верчели често е споменат како еден од најдобрите тимови од раната ера на италијанскиот фудбал.
Следете ги натпреварите од Серија А со Sport365
Покрај деталниот преглед на табелата на Серија А, Sport365 ви дава пристап и до натпреварите кои се играат во оваа лига. Преку нашите страници, можете да ги прегледате вчерашните, денешните и утрешните натпревари. Исто така, можете да ги следите резултатите во живо.

