Вчерашни натпревари

livescores.pro

Како платформа посветена на сите случувања во светот на фудбалот, Sport365 ви дава пристап не само до натпреварите кои се случуваат или ќе се случат во блиската иднина. Нашата страница посветена на вчерашни натпревари ќе ви овозможи да видете кој бил исходот на настани кои се случиле во минатите 24 часа.

Вчерашни натпревари

Секој натпревар има детални информации околу текот на настанот и информациите се ажурирани во нашите табели.

Покриеност на вчерашни натпревари

Пристапот до вчерашните натпревари на Sport365 не е ограничен само на Македонската Прва Фудбалска Лига или пак на најпрестижните натпреварувања во Европа. Тука можете да ги пронајдете натпреварите од сите лиги во Европа. Тука се вклучени, но не се ограничени, следните лиги:

  • Премиер Лига (Англија)
  • Ла Лига (Шпанија)
  • Серија А (Италија)
  • ПМФЛ (Македонија)
  • Ередивизие (Холандија)
  • Француска Прва Лига (Франција)

Сите вчерашни натпревари се уредно пласирани во листа, поделена според натпреварувањата и државата во која се одржуваат. Притоа, страницата константно се ажурира и благодарение на тоа, секогаш ќе имате пристап до најновите информации.

Sport365 е оптимизирана за мобилна употреба. Нашата платформа можете да ја посетете од сите смартфони и таблети. Кога го користете вашиот мобилен телефон или таблет, морате да се осигурате дека имате стабилна интернет конекција. Дизајнот на страната перфектно се вклопува со малите екрани. Нашиот лесен систем за навигација ќе ви овозможи да го најдете менито за вчерашни натпревари со само неколку допири.

Искористете ги податоците од натпреварите во ваша полза

Доколку сте обожавател на спортско обложување, можете да ги користете податоците од вчерашните натпревари во ваша полза. Анализирајте како вчерашните натпревари можат да влијаат на менталитетот на одредени тимови кои играат денес или утре.

Ваквите информации можат да ви помогнат да донесете подобра одлука. Колку повеќе се потпирате на статистика и факти, толку повисоки се шансите за погодок. Секако, ниту една стратегија или тактика не гарантира победа.

Sport365 не е платформа на која можете да се обложувате онлајн, но можете да ги користете нашите податоци за да донесете подобра одлука. Запомнете дека обложувањето е дозволено само за лица над 18 години.

Дури и да не се обложувате, можете да ги користете исходите од вчерашните натпревари за да останете во чекор со сите случувања во одредена лига. Знаењето можете да го споделете со вашите пријатели и заедно да дебатирате околу како резултатите од вчера ќе влијаат на натпреварите кои ќе се одржат денес и/или утре.

Останати услуги во Sport365

Вчерашните натпревари не се единствената услуга која можете да ја користете на Sport365. Нашиот тим ви дава пристап до сите денешни и утрешни натпревари, како и натпревари во живо.

Исто така, имаме посебни страници посветени на најпознатите лиги во Европа, како и македонската Прва Лига. Овие страници ви даваат пристап до моменталната табела на одредена лига.

Табелите ќе ви ја прикажат моменталната форма на вашиот омилен тим, формата во последните натпревари, број на голови, изиграни натпревари и многу повеќе.

Sport365 не бара од вас да регистрирате профил за да ги користете нашите услуги. Сè што ќе видете тука е бесплатно. Ние сме тим на фудбалски ентузијасти кои сакаат да ја споделат љубовта кон спортот со останати љубители.

Sport365.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.