Како што расте трендот на коцкарниците и обложувалниците така се повеќе и повеќе се зголемува и заинтересираноста на играчите да играат во многубројните кладилници од кои една од најпознатите и најпретпознатливите во Македонија е токму Maxbet обложувалницата која е омилена обложувалница на огромен број од играчите и во продолжение ќе ги разгледаме сите детали што би ви биле потребни за да можете да играте на истата без никаков проблем.
Општи информации за Maxbet казиното и кладилницата
Maxbet претставува обложувалница која датира уште од 2019 година во Македонија а претходно беше достапна во повеќе земји од балканот.
Оваа обложувалница е претпознатлива по големиот број на спортови и спортски натпревари за кои нуди релативно високи коефициени на обложување. Обложувалницата е достапна на повеќе локации низ државата и моемнтално играта се одвива исклучиво на тие локации и истата сеуште не е достапна онлајн.
Како се регистрира Maxbet корисничка сметка
Иако корисничка смета на страната на Maxbet би ви била целосно неупотреблива, сепак имате можност да се регистрирате и истото можете да го направите со кликање на копчето Регистрација кое се наоѓа на самиот врв на страницата. Потоа само ги внесувате соодветните информации и вашата корисниќка сметка ќе биде креирана.

Maxbet бонусот за добредојде во кладилницата
За жал оваа обложувалница не нуди никакви бонуси за новите играчи, но сепак може да се пронајдат некои бонуси кои се нудат на играчите во секцијата Промо на официјалната веб страница на обложувалницата.
Maxbet бонусот за добредојде во казиното
Како и за обложуваницата па така и за казиното може да кажиме дека не се нуди специјален бонус за добредојде за играчите, но може да се пронајдат некои интересни бонуси на самата веб страна. Често играчите се наградувани со различни џек потови на слот апаратите и слично што би можело да се смета за некоја форма на бонус.

Слот игри понудени во Maxbet казиното
Maxbet казиното располага со слот машини кои се овозможени од Државна Видео Лотарија на Македонија познати како VLT. Најпознати игри помеѓу играчите се „Dazzling Hot“, „Shining Crown“, „Burning Hot“, и „Super Hot“. Постојат и голем број на други игри кои го прават изборот потежок за играчите!
Начините на уплата и исплата во Maxbet казиното и кладилницата
Според тоа што го кажавме претходно дека во оваа обложувалница играта се одвива исклучиво на физичките локации и нема можност за онлајн игра, уплатата и исплатата во оваа кладилница исто така се одвива целосно на нивните локации и никако поинаку. Важно е да се напомене дека при уплата и исплата мора да прикажете документ за лична идентификација како би се утврдило дека сте полнолетна личност и имате право да се обложувате.
Што се однесува на слот апаратите, во истите директно внесувате пари а при исплата, со притискање на Cashout, добивате испечатен тикет кој треба да го приложите на самиот шалтер каде што ќе ви биде исплатена соодветната сума која сакате да ви биде исплатена.
Како да направите уплата и исплата во Maxbet
Како што кажавме и претходно, уплатата и исплатата се изведуваат делосно на самите локации на обложувалницата и истите се прилично едноставни. Тоа е така бидејќи кладилницата сеуште не нуди онлајн платформа на која играчите би можеле да се обложуваат или да играат игри на среќа кои се соодветни за онлајн казиното.
Преглед на мобилната верзија од Maxbet казиното
Со оглед на тоа што Maxbet сеуште нема платформа за онлајн обложување и казино не можеме да очекуваме и мобилна верзија бидејќи истата би била бескорисна. Сепак од вашиот паметен телефон можете да пристапите до нивната веб страна преку веб прелистувач и на истата ќе имате можност да ги следите натпреварите и коефициентите на кои можете да се обложувате.
Дали Maxbet има казина на физички локации?
Maxbet обложувалницата и казиното има голем број на физички локации ширум државата и истите може да се пронајдат во Скопје, Гостивар, Битола, Тетово, Кичево и други градови. Дополнително на самите локации се наоѓаат и VLT слот апарати на кои се достапни голем број на игри и џек потови. Дополнително достапни с и игрите како Доги Кено и Среќни Топчиња.

Поддршка и чат во живо кај Maxbet
Оваа кладилница нуди 24 часовна поддршка за корисниците и истата може да се пронајде на нивната официјална веб страна. Достапен е телефонски број на кој може да разговарате со нивниот контакт центар а дополнително може да оставите и порака доколку не се работи за временски критична ситуација во делот LEAVE US A MESSAGE на самиот десен врв на страната. Исто така може да се обратите и на нивниот чат во живо на кој можете да се дошишувате со одговорно лице.
Дали да веруваме во Maxbet? Преглед и оценка врз казиното и кладилницата
Иако кладилницата не нуди онлајн игра, сепак физичката игра во неа е беспрекорна и на истата може да се верува во целост. Коефициентите кои се нудат на огромниот број на натпревари се прилично високи во однос на останатите обложувалници во Македонија, а и големиот избор на игри на слот апаратите додава на квалитетот на оваа обложувалница. Поради недостатокот на онлајн верзија и функионалности, севкупната оценка за оваа обложувалниза и казино би била 7/10.
Често поставувани прашања (FAQ)
Која е максимална исплата во Maxbet кладилниците?
Максималната исплата која можете да ја остварите од оваа обложувалница изнесува 6,000,000 денари.
Која е минимална, а која максимална уплата во Maxbet?
Минималната уплата која може да ја остварите на тикет изнесува 20 денати а пак максималанта изнесува 300,000 денари. Слот апаратите најчесто примаат од 100 денари па натаму а на некои може да играте и со 50 денари.

