Mozzart казиното претставува релативно ново казино во Македонија и воедно нова платформа за онлајн казино игри која е активна последниов период. Ова казино нуди одличен квалитет и добри услови за игра. Казињата кои се на физички локации во Македонија нудат VLT слот машини и некои локации ја нудат и добро познатата игра рулет, додека пак онлајн казиното нуди голем број на други игри во кои може да уживаат играчите.
Како да се регистрирате?
Најпрво, пред да зборуваме за верификување на корисничка сметка на оваа платформа, мора да имаме корисничка сметка и за таа цел ќе го објасниме процесот на креирање на сметка. Се што треба да направите е да пристапите на веб страната на казиното и да кликнете на копчето „Регистрирај се“.
Отакако ќе го направите тоа ќе добиете форма во која треба да ги внесете личните информации како телефонски број, емаил, датум н раѓање и слично. Потоа треба да направите некои поставки од аспект на валута која сакате да се користи и слично.
После пополнување на оваа пријава ќе добиете меил на вашата емаил адреса и со кликање на линкот кој ќе ви биде прикачен во пораката ќе имате можност да го активирате профилот. Потоа ќе бидете пренасочени на македонската веб страница на Mozzart казиното и ќе треба да се најавите со вашето корисничко име и лозинка.
Како да верификувате корисничка сметка на Mozzart?
Верификацијата на профилот ви е неопходна доколку сакате да уживате во сите можности кои ги нуди ова казино. Важно е да се напомене дека доколку не ви е верификувана корисничката сметка не можете да извршите исплата на средства.
За да го верификувате профилот најпрво мора да бидете најавени, откако ќе го сторите тоа, со кликање на копчето „Казино“ кое се наоѓа во десниот горен агол ќе ви се отвори секцијата за поставки на вашиот профил.
Следно треба да кликнете на „Додавање на документ“ по што ќе добиете можност да прикачите скенирана лична карта и се што треба е да почекате за да добиете потврден емаил дек вашиот профил е верификуван. После ова ќе можете да ги користите сите функционалности кои ги нуди ова казино.

