Заврши ерата на Аџиќ: Швеѓанец ќе ги води Црногорките на СП!

Изненадувачки заврши ерата на досегашниот стратег на женската сениорска ракометна репрезентација на Црна Гора, Драган Аџиќ.

Како што известува тамошната федерација, нов селектор на Црна Гора е шведскиот стратег Пер Јохансон кој воедно го објави списокот за подготовките пред учеството на Светското првенство.

Во овој список за настапот на Мундијалот во Германиа (1-17 декември 2017 год.) се наоѓа десното крило на македонскиот шампион, ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ.

Црна Гора ќе игра во групата Ц во Олденбург заедно со селекциите на Данска, Русија, Бразил, Јапонија и Тунис.