Време е за трансфери: На 1 јануари започнува зимскиот преоден рок!

Клубовите ќе ја имаат шансата да купуваат, продаваат и испратат играчи на позајмица во јануари – еве ги сите детали околу зимскиот преоден рок.

Официјално на 1. јануари 2018. година ќе започне зимскиот преоден рок, екипите ќе имаат право да преговаат за потпишување на фудбалери, а истиот ќе заврши на 31. јануари.

Секако вниманието ќе биде насочено кон Топ 5 европските лиги: Премиерлига (Англија), Примера (Шпанија), Лига 1 (Франција), Серија А (Италија) и Бундеслига (Германија).

Во изминатите преодни рокови бевме сведоци дека силно може да влијае и финансиската моќ од страна на кинеските клубови, на пример Оскар и Рамиреш ја заменија Англија за Суперлигата на Кина.

Сепак, и покрај тоа што преодниот рок во Кина е отворен до 28. февруари, малку е веројатно дека ќе видиме нешто слично на трошење од кинеските клубови по промената на правилата.

Исто така, се поставува прашање дали ќе има нов трансфер рекорд, да потсетиме годинава во летниот преоден рок премиерлигашките екипи потрошија 1.4 милијарда фунти,

Како вообичаено во зима менаџерите не се одлучуваат за драстични промени пред продолжението од сезоната и тешко е за верување дека ќе се достигне таквата сума.

Од Топ 5 европските лиги Англија најмногу знаела да изненади на фудбалскиот пазар, минатиот јануари вкупно 215 милиони фунти потрошија премиерлигашите, а веќе се издвоија 75 милиони фунти за Холанѓанецот Виржил ван Дајк кој од Саутемптон се сели во Ливерпул.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Топ потенцијални фудбалски трансфери кои што се предвидуваат во 2018 година!

Во продолжение ќе започнеме со Топ 10 трансфер шпекулации кои би можеле да се случат следниот месец:

1.Џенк Тосун од Бешикташ во Евертон
2.Тео Волкот од Арсенал во Саутемптон

3.Кепа Аризабалага од Атлетик Билбао во Реал Мадрид
4.Хенрик Мхитарјан од Манчестер Јунајтед во Јувентус

5.Ислам Слимани од Лестер Сити во Вотфорд
6.Јирген Локадиа од ПСВ во Вулверхемптон

7.Лазар Марковиќ од Ливерпул во Вотфорд
8.Алексис Санчез од Арсенал во Манчестер Сити

9.Маруан Фелаини од Манчестер Јунајтед во Бешикташ
10.Лусиано Вјето од Атлетико Мадрид во Спортинг Лисабон