Уште една Вардарка се пресели во редовите на ЧСМ Букурешт (ФОТО)

Најновото засилување за романскиот клуб е десниот бек на Вардар, Барбара Лазовиќ…

Тимот на ЧСМ Букурешт се засили и со четврта ракометарка од ЖРК Вардар за настапите во сезоната 2018/2019 година.

Таа потпиша едногодишен договор со ЧСМ Букурешт, тим во кој веќе се ангажирани Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ.

Во македонскиот женски ракометен шампион дојде во 2014 година заедно со Андреа Пенезиќ од словенечката екипа на Крим.

Поранешниот играч на РК Вардар и нејзиниот сопруг Вук Лазовиќ игра во романското првенство, па со овој трансфер тие ќе бидат во иста земја по одвоениот живот претходно поради професионалните ангажмани во различни земји.