Уште еден Вардарец си оди: Марсениќ ќе го засили Фуксе Берлин! (ФОТО)

Откако претходно се потврди дека од наредната сезона Раул Гонзалес ќе биде нов тренер на ПСЖ, Лука Циндриќ ќе го облече дресот на Киелце и дека голманот Арпад Штербик ќе брани за Веспрем..

Уште еден Вардарец потврди дека од наредната сезона ќе има нов клуб, станува збор за српскиот интернационалец Мијајло Марсениќ кој одлучи од 2018/2019 да настапува во германскиот тим на Фуксе Берлин.

Од редовите на бундеслигашот изјавуваат дека барале токму ваков тип на играч, може да игра во одбрана и е многу агилен и брз за неговата висина и се задоволни што ќе настапува за нив.