Со нов клуб од наредната сезона: Митков се раздели со Кремс, но останува во Австрија!

36-годишниот македонски ракометар го напушти Кремс, но останува во Австрија…

Поранешниот репрезентативец Влатко Митков одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на Брегенц со договор на две години.

Претходно во кариерата нашиот десен бек беше дел уште од Пелистер, Вилштад, Вецлар, Хамм, Балинген и Барнбах.

Во најсилниот австриски ракометен шампионат составот на Брегенц моментно е на четвртото место со 16 бодови, десет помалку зад лидерот Алпла Хард.

Неговиот досегашен клуб Кремс (во чии редови останува голманот Петар Ангелов) се наоѓа на третата позиција со 17 бодови, зад второпласираниот Аон Фиверс (21).

Тренерот на Брегенец, Јорг Луцелбергер вели дека Митков (861 гол во австриската ХЛА лига) е еден неверојатен играч, искусен и квалитетен кој е пример за идните генерации и смета дека за краток период ќе биде лидер на екипата.