Шишковски е нов голман на финскиот клуб Лахти

Македонскиот голман ја продолжува кариерата во Финска…

Дамјан Шишковски потпиша едно-годишен договор со екипата на Лахти со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

22-годишниот чувар на мрежата претходно беше дел уште од Работнички и белгискиот гигант Гент. Сезонава во нашата Прва лига имаше вкупно девет натпревари во дресот на „романтичарите“.

Тренерот на голманите во овој клуб, Ари Корхонен вели дека Шишковски имал три тренинг сесии, покажал добри перформанси и агилност, воедно располага со добри рефлекси. Физички добро стои и во топ кондиција пред настапот во шампионатот. Се очекува веќе да биде во составот в сабота во рамките од финскиот куп против ЈЈК.

Претходно во тимот на Лахти настапуваше уште еден наш интернационалец (пред да се пресели во романскиот состав на Сепси), станува збор за 26-годишниот напаѓач кој во 2017 год. имаше учинок од 32 мечеви и 13 голови.