Шкупи станува сериозен: Вујчиќ е третото зимско засилување!

Откако претходно ги ангажираше Благоја Љамчевски и Рон Броја…

Фудбалскиот клуб на Шкупи го донесе и третото зимско засилување, станува збор за Стефан Вујчиќ.

32-годишниот играч од средниот ред роден во Хамбург (Германија) досега ги бранеше боите на Шкендија (62 натпревари, еден гол).

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Љамчевски прво зимско засилување, двајца играчи се разделија со Шкупи

Младиот косовски репрезентативец Броја е второто засилување на Шкупи

Потпиша договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Своевремено беше дел од младинскиот тим на Хамбургер, а на сениорско ниво играше уште за Холстејн Кил, Работнички и Интер Запрешиќ.

Од Шкупи најавуват дека се очекува потпис на уште еден фудбалер за кого јавноста ќе биде информирана преку клупскиот веб сајт.

Фото: kfshkupi.com