Се врати во Мјанмар: Секуловски нов тренер на Шан Јунајтед (ФОТО)

45-годишниот македонски фудбалски стратег ќе води нов клуб во Мјанмар…

Марјан Секуловски кој до неодамна го водеше битолскиот прволигаш Пелистер, официјално е промовиран како нов тренер на екипата на Шан Јунајтед.

Претходно во оваа земја ги водеше уште составот на Ајејавади Јунајтед со кој успеа да освои бројни национални и куп титули, и екипата на Јангон Јунајтед.

Моментно оваа сезона 2018 Шан Јунајтед (кој ја брани титулата од минатата година) после девет одиграни кола е на четвртото место со 17 бодови, шест помалку зад водечкиот Јангон Јунајтед кој има и меч повеќе.