Савиќ е нов фудбалер на српскиот прволигаш Земун

32-годишниот македонски напаѓач ја продолжува кариерата во Србија…

Душан Савиќ, наш поранешен репрезентативец, одлучи од оваа зима да настапува за екипата на Земун.

Во српскиот прволигаш доаѓа од редовите на казахстанскиот клуб Актобе каде што имаше 16 натпревари и четири голови. Практично во Земун доаѓа како слободен играч после истекот на договорот со Актобе.

Претходно во кариерата беше дел уште од Дубочица, Беласица, Победа, Вардар, Работнички, Брашов, Инчон Јунајтед, Пахтакор, Волин Луцк, Говерла Ужгород, Каисар, Славија Софија, Жетису и Тобол.

Земун моментно после 23. кола во најсилното српско првенство е на 11. позиција со 24 бодови, далеку зад водечката Црвена Звезда која има 60.