Само на првиот ден од зимскиот преоден рок потрошени 250 милиони евра!

Веќе купуваа Баерн, ПСЖ, Атлетико, Ливерпул…Би можел јануари да биде еден возбудлив месец.

Вчера на 1. јануари 2018 год. официјално започна зимскиот преоден рок за доведување на нови фудбалери во своите клубови.

Уште на првиот ден на засилувања се потрошени 250 милиони евра, практично тоа беа само потврди на претходно договорени соработки.

-Ливерпул потроши рекордна сума за дефанзивецот на Саутемптон, холандскиот интернационалец Виржил Ван Дајк (75 милиони фунти)

-Диего Коста одлучи да го напушти Челзи и се врати во Атлетико Мадрид (60 милиони евра), дури и паузираше шест месеци поради забраната од ФИФА за трансфери на мадридскиот гигант.

-Баерн Минхен од Хофенхајм го ангажираше напаѓачот Сандро Вагнер за 13 милиони евра

-Севиља за Бразилецот и лев бек на Коринтијанс, Хиљермо Арана плати 11 милиони евра

-Аргентинскиот напаѓач Максимилијано Ромеро од Велез за 10 милиони евра се пресели во ПСВ Ајндховен

-Централниот играч од средниот ред Валтер Монтоја од Севиља замина во мексиканската екипа на Круз Азул за 5,5 милиони евра

-Напаѓачот Карлос Вела од Реал Сосиедад за пет милиони евра го облече дресот на Лос Анџелес Галакси

-32 годишниот напаѓач Марио Гомез од Волфсбург за три милиони евра го засили Штутгарт, неговиот прв професионален клуб во кариерата.