Репрезентативецот Ѓуроски ја засилува Блокотехна!

Составот на Блокотехна засега има одлична сезона во првенството и Балканската лига.

Во домашната лига после девет натпревари е на второто место со 17 бодови, само еден помалку зад лидерот Работнички од кого го претрпе и единствениот пораз досега.

Додека, пак, во БИБЛ шампионатот уште подобро котира, односно е на првото место со 11 бодови, колку што има и бугарскиот клуб на Рилски Спортист.

Според програмата следниот меч Блокотехна во првенството ќе го има на 16. декември на гости кај Куманово, додека во Балканската лига на 20. декември ќе гостува во Албанија кај Тирана на нашиот интернационалец Владимир Брчков.

Како што велат информациите, репрезентативец Стојан Ѓуроски ќе ја засили Блокотехна на крилната позиција каде што се наоѓаат уште Илија Колев и Драган Камберов.

Неодамна настапи во евро-претквалификациите и победите над Словачка и Швајцарија, 26-годишниот Ѓуроски претходно во својата клупска кариера настапуваше уште за Левски Софија, Работнички, Кожув, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи.

Фото: fiba.basketball