Реализиран најголемиот фудбалски трансфер во Баскија

Како што и претходно се најавуваше, Атлетик Билбао го откупи играчот од редовите на најголемиот градски ривал.

Атлетик потврди дека негов полноправен член е Ињиго Мартинез, откако беше платена клаузулата од 32. милиони евра.

На тој начин, составот од Билбао веќе потроши половина од парите од продажбата на Ајмерик Лапорте во редовите на Манчестер Сити.

Мартинез е дете на Реал Сосиедад во кој помина една деценија и одигра над 200. натпревари за првиот тим. Сега потпиша договор до јуни 2023. година, а неговата откупна клаузула изнесува 80. милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-ЖЕРАР ДЕУЛОФЕУ ОД БАРСЕЛОНА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ВО ВОТФОРД.

-МАНЧЕСТЕР СИТИ ГО АНГАЖИРАШЕ ЏЕК ХЕРИСОН ОД ЊУЈОРК СИТИ КОЈ ВЕДНАШ Е ИСПРАТЕН НА ПОЗАЈМИЦА ВО МИДЛЗБРО ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА.

-НАПАЃАЧОТ ЛЕОНАРДО УЛОА НА ПОЗАЈМИЦА ВО БРАЈТОН ОД ЛЕСТЕР СИТИ.

-ВЕСТ ХЕМ ПОТВРДИ ДЕКА НАПАЃАЧОТ ДИАФРА САХО Е ПОЛНОПРАВЕН ИГРАЧ НА РЕН.

-ДЕФАНЗИВЕЦОТ АЛИ ГАБР ОД ЗАМАЛЕК НА ПОЗАЈМИЦА ВО ВБА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА.

-ИГРАЧОТ ОД СРЕДНИОТ РЕД НА СВОНСИ НА ПОЗАЈМИЦА ВО СЕВИЉА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА.

-ЗАДНИОТ ФУДБАЛЕР ЗА ВРСКА, ПАТРИК КАМЕРБАУЕР ОД НИРНБЕРГ ОДИ ВО ФРАЈБУРГ.

-ИГРАЧОТ ОД СРЕДНИОТ РЕД МАЈКЛ КРОН-ДЕЛИ ОД СЕВИЉА ОДИ ВО ДЕПОРТИВО ЛА КОРУЊА.