Потврдено: Јери Мина од Палмеираш за 11.8 милиони евра во Барселона!

Се договорија Барселона и Палмеираш за трансфер на централниот бек…

Јери Мина доаѓа на „Камп Ноу“ за сума од 11.8 милиони евра и договор кој ќе траер до 30. јуни 2023. година, а ослободителната клаузула изнесува 100 милиони евра.

Колумбиецот е висок (1.95 см.), но и брз со топката, за својот досегашен клуб од Бразил имаше 33. одиграни натпревари и осум постигнати голови.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Официјален потпис: Кутињо во Барселона до 2023 година!

За колумбиската репрезентација има девет настапи и три погодоци, дебито го имаше на 8. јуни 2016. година кога и беше третопласиран на „Копа Америка“.

Кариерата ја започна во колумбиските екипи Депортиво Пасто (14 натпревари, еден гол) и Санта Фе (67 натпревари, седум голови).