Потврдено: Диего Коста е нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Шпанскиот напаѓач и официјално денеска е претставен во Атлетико Мадрид.

Диего Коста практично се враќа во клубот после три сезони поминати во Челзи.

Коста кон крајот на минатата сезона во Премиерлигата стана прекуброен и не остана во плановите на менаџерот Антонио Конте, па во септември договори нови соработка со „јорганџиите“.

Овој трансфер од лондонските „сини“ изнесуваше 66 милиони евра, а не може да биде регистриран пред 1. јануари кога истекува суспензијата на Атлетико за доведување нови играчи поради кршење на правилата во купувањето на млади фудбалери.

Воедно ќе го носи бројот 18 на својот дрес, во тимот на тренерот Диего Симеоне ќе му се придружи на Антоан Гризман во делот на нападот.

Да потсетиме, тој веќе беше член на Атлетико во 2007. година, а потоа беше на позајмица во Брага, Селта, Албасете, Рајо Ваљекако, а краток период беше и во Ваљадолид.

Со Атлетико беше шампион на Примера (2014), го освои Кралскиот куп (2013), Суперкупот на Европа (2010, 2012), а во финалето на ЛШ во 2014. година играше само девет минути во поразот од Реал (4:1) кога се здоби и со повреда.