Поранешен македонски репрезентативец ќе игра во Либан

Либанскиот кошаркарски клуб Библос Спортинг го ангажираше 27-годишниот центар (226 см.), Марко Дујковиќ.

Станува збор за поранешен македонски репрезентативец кој претходно настапуваше за екипата на Блокотехна.

За гевгелискиот состав имаше учинок од 5.7 поени, 5.2 скокови и 1.0 блокада по натпревар. Исто така, имаше и пет мечеви во Балканската (БИБЛ) лига со 4.4 поени и 3.4 скокови.

Пред две години играше за нашата најдобра селекција во неуспешните квалификации за Еуробаскет 2017. На клупски план ги има брането уште боите на грузиски Олимпи, Босна-Ројал од БиХ, српските БКК Раднички и Суперфунд и чешкиот Колин.