Петковски нов играч, Работнички триумфираше над второлигашот Борец!

Подготовките на Работнички влегоа во својата втора фаза…

Стартуваа и пријателските натпревари, пред заминувањето за Анталија составот на Работнички предводен од тренерот Горан Станковски во Велес со 3:0 го совладаа второлигашот Борец.

Стрелци на головите беа новото засилување Никола Шаркоски, негов прв во дресот на Работнички, потоа позитивата ја зголеми Бојан Миовски, а конечниот епилог го постави Марио Станковски.

Влегуваме во фаза во која ќе работиме на техничко – тактичките задачи и воигрување на тимот. Имаме неколку нови фудбалери кои низ пријателските натпревари и тренинзите ќе треба да се адаптираат и да го прифатат нашиот стил на игра.

Не очекува напорна работа до почетокот на пролетниот дел од првенството и ќе се трудиме да се подготвиме што е можно подобро“, рече шефот на стручниот штаб на „романтичарите“.

Претходно беа промовирани како засилувања Никола Шаркоски, Гзим Красниќи, Игор Крмар и Бујамин Асани, а како најново беше претставен младиот Петар Петковски кој доаѓа од редовите на Вардар и потпиша договор на 18 месеци со тимот од „Градски парк“.

Спортскиот директор Иван Поповски истакнува дека со ангажманот на Петар Петковски продолжува стратегијата на клубот за ангажман на млади и талентирани македонски фудбалери.

Постигнавме договор за ангажман на Петар Петковски, кој е младински репрезентативец на Македонија. Тој во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на Работнички.

Со ова ја продолжуваме нашата долгогодишна стратегија за ангажман на млади и талентирани фудбалери од нашата земја, која досега ни носеше многу успеси“, вели Поповски.

Фото: fkrabotnicki.com