Петковска од ЖРК Металург во полскиот клуб Лублин

Доскорешната ракометарка на ЖРК Металург, десното крило Елена Петковска (20), ќе настапува во првенството на Полска, откако потпиша двегодишен договор со екипата на Лублин (Полска).

Петковска неколку години настапуваше во дресот на ЖРК Металург, а трансферот во Полска е нејзино прво интернационално искуство.

Оваа сезона на меѓународната сцена Лублин ќе игра во третото коло на Челинџ купот, а противник ќе му биде нашиот тим на Куманово. Двете екипи се договорија дуелите да бидат одиграни во Полска на 12 и 13. ноември 2017 год.

Да потсетиме, претходно од македонската екипа си заминаа уште три ракометарки, Марија Николиќ, Матеја Серафимова и Симона Стојковска потпишаа за грчкиот состав на ПАОК.

Во Челинџ купот ќе настапи и ПАОК, во третата рунда ќе ги одмери силите против турскиот Гезтепе. Двата меча ќе се одиграат во Турција на 24. и 26. ноември 2017 год.