Официјално: Вардар ќе бара нов тренер, Гонзалез ќе го води ПСЖ од наредната сезона!

47-годишниот Раул Гонзалез оваа сезона ќе биде последна на клупата на македонскиот и европски шампион Вардар.

Како што официјално известува францускиот гигант ПСЖ, од наредната сезона 2018/2019 ќе биде предводен од селекторот на македонската сениорска репрезентација кој ќе го замени Звонимир Сердарушиќ.

Гонзалез потпиша три-годишен договор со ПСЖ, односно ќе трае до 2021. година. Лани успеа со „црвено-црните“ да ја освои титулата во Лигата на шампионите и сезонава ќе се обиде да ја одбрани.

Моментно во составот на француската екипа се наоѓаат врвни светски имиња како Омејер, Генсхајмер, Абало, браќата Карабатиќ, Хансен…

Фото: fkvardar.mk/Денис Дуковски