Официјално: Рајан Гигс нов селектор на Велс (ВИДЕО)

Официјално поранешниот крилен играч на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Велс ја презема селекторската клупа.

Рајан Гигс доаѓа како наследник на Крис Колмен кој во ноември лани си замина со цел да седне на клупата на Сандерленд.

Потпиша четири-годишен договор и ќе ја води селекцијата на Велс во новите квалификации за ЕП 2020 како и во новоформираната „Лига на нации“.

44-годишниот Гигс со Манчестер Јунајтед своевремено доаѓаше до 13. титули во Премиерлигата, трофеи од ФА Купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство и секако многубројни индивидуални признанија.