Официјално: Пенезиќ и Хмирова во унгарскиот клуб Шиофок! (ВИДЕО)

Продолжува низата заминувања од македонскиот женски ракометен клуб Вардар…

Официјално Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова од наредната сезона ќе ги бранат боите на унгарскиот клуб Шиофок.

„Нашата цел беше да ги направиме посилни средните позиции. Со доаѓањето на Андреа и Татјана, ќе направиме чекор напред.

Во составот ќе останат најголем дел од ракометарките, што е многу важно во градењето на тимот. Сакаме да ги оствариме најдобрите можни резултати во новата сезона“, рече претседателот на клубот, Јанор Фодор.

Потсетување дека на крајот од натпреварувачката сезона од редовите на ЖРК Вардар си заминуваат:

-Роберто Гарсија Парондо (тренер на машкиот клуб Вардар)
-Александра Лакрабер (Флери, Франција)
-Амандин Лејно (Ѓер, Унгарија)
-Драгана Цвијиќ (ЧСМ Букурешт, Романија)
-Андреа Лекиќ (ЧСМ Букурешт, Романија)
-Јованка Радичевиќ (ЧСМ Букурешт, Романија)
-Сара Ристовска (Крим, Словенија)
-Андреа Пенезиќ (Шиофок, Унгарија)
-Татјана Хмирова (Шиофок, Унгарија)