Официјално: Евертон купи напаѓач од Бешикташ!

Станува збор за 26-годишниот турски играч Џенк Тосун…

Тој потпиша четири и пол годишен договор со премиерлигашката екипа на Евертон.

Чувството е одлично да се биде играч на Евертон, навистина сум среќен што сум во овој клуб и среќен што трансферот е реализиран.

Навистина сум возбуден и едвај чекам да настапувам на терените. Евертон е одличен клуб со голема историја и култура и едвај чекам да ги покажам моите квалитети пред навивачите“, рече Тосун.

Досега настапуваше за Бешикташ и во период од четири години имаше учинок од 96 натпревари и 41 гол.

Претходно ги бранеше уште боите на Ајнтрахт Франкфурт (само 1 меч) и Газиантепспор (109 средби, 39 погодоци).

За турската сениорска репрезентација има 25. настапи и осум голови, првиот погодок го имаше во пријателскиот натпревар и триумфот против Катар (2:1).

Моментно Евертон после 22. кола е на деветтото место со 27 бодови на табелата во Премиерлигата.