Официјално: Цвијиќ, Радичевиќ и Лекиќ од наредната сезона во ЧСМ Букурешт!

Романскиот женски ракометен клуб има големи европски амбиции за наредната натпреварувачка сезона…

После најавите дека македонскиот шампион Вардар од наредната сезона ќе настапува со млади ракометарки, се прават драстични промени веќе уште оваа зима.

Откако претходно се објави дека Лејно ќе оди во Ѓер, а Лакрабер ќе го засили Флери, уште три Вардарки дефинитивно си заминуваат на крајот од сезоната.

Драгана Цвијиќ, Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ од јули 2018 год. ќе го носат дресот на ЧСМ Букурешт кој цели на освојување на Европа, односно Лигата на шампионите.

Ваквата информација е потврдена од романската екипа, а истото е направено и од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Лекиќ и Радичевиќ потпишаа договори на две години, а Цвијиќ верна на една година.