Официјално: Арпад Штербик се враќа во Веспрем!

Досегашниот голман на Вардар две години ќе го носи дресот на унгарскиот шампион.

Арпад Штербик ќе ја продолжи кариерата во редовите на Веспрем од наредната сезона 2017/2018.

Еден од најдобрите чувари на мрежата во светот фактички се враќа во својот поранешен клуб, а официјално неговиот договор со Веспрем ќе започне од 1. јули 2018 и ќе трае до 30. јуни 2020 год.

Како што известува клубот, договорот на Мирко Алиловиќ ќе истече на 30. јуни 2018 и истиот нема да биде продолжен, па така Миклер ќе добие нов тимски колега во Штербик.

Имав многу понуди, но не можев да го одбијам повикот од Веспрем. Ме одржува борбата за највисоките титули низ ова ниво во текот на целата кариера.

Веспрем е еден од најсилните во Европа и затоа немаше дилеми за кој клуб да потпишам. Секогаш доаѓам во Веспрем со радост и често го поминувам тука слободното време“, вели Штербик.

Да потсетиме, од наредната сезона Раул Гонзалез ќе биде нов тренер на францускиот гигант ПСЖ, додека плејмејкерот Лука Циндриќ ќе стане нов член на Киелце.