Официјално: Алтипармаковски е новиот македонски напаѓач на Сараево

Откако претходно беше шампион во Литванија со екипата на Судува…

Македонскиот интернационалец ја продолжи кариерата во Босна и Херцеговина.

Марјан Алтипармаковски потпиша договор на една година со екипата на Сараево.

За мене е предизвик што дојдов во таков голем клуб каков што е Фудбалскиот клуб на Сараево. Мое е да работам напорно на секој тренинг и го дадам максимумот на натпреварите и се надевам дека ќе му помогнам на Сараево да ги оствари своите цели.

Уште од претходно го познавам Крсте Велкоски, тој ми рече се најдобро околу клубот, како и за самиот град и сигурно не сум погрешил што дојдов тука“, рече Алтипармаковски.