Нова „бомба“ од НБА: Двејн Вејд има нов клуб!

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата Двејн Вејд пронајде нов клуб.

Вејд неодамна го откупи својот договор од Булси и стана слободен агент што знали дека можеше да бира нов клуб, а во опција беа екипите на Сан Антонио Спарс, Оклахома Сити и Кливленд Кавалирс.

На крајот поранешниот кошаркар на Мајами Хит одлучи повторно да соработува со ЛеБрон Џејмс, но овој пат во Кавалирси. Оваа информација ја пренесе американскиот „ЕСПН“.

35-годишниот плејмејкер според информациите ќе добие минимален ветарански договор (2,3 милиони долари) и ќе потпише договор на една сезона.

Тој во текот на кариерата освои три НБА титули, а последнете две со ЛеБрон. Во минатата сезона одигра 60 мечеви за Булси со просек од 18,3 поени, 4.6 скокови и 3,8 асистенции по меч.

Во изминатиот период објавивме дека Оклахома Сити Тандер направи „пеколно“ трио, откако на Расел Вестбрук и Пол Џорџ им се придружи Кармело Ентони.