Нов репрезентативец го засили Работнички

Станува збор за центарот Кирил Николовски кој досега ги бранеше боите на Карпош Соколи.

29-годишниот македонски репрезентативец исто така пред да им се придружи на „соколите“, настапуваше уште за МЗТ Скопје Аеродром, Вардар Осигурување и Фени Индустри.

Од шест натпревари сезонава во првенството за Карпош Соколи имаше просек од 11.3 поени, 5.7 скокови и 1.5 асистенција.