Нов ракометен мега трансфер: Палмарсон ќе ја засили Барселона!?

Како што пренесува „Балкан-Хандбал“ се спрема нов мега трансфер на ракометниот пазар.

Според овој извор, исландскиот „бомбардер“ не се појавил на тренинзите на Веспрем каде што настапува македонскиот интернационалец Дејан Манасков.

Арон Палмарсон има важечки договор со унгарскиот гигант до лето 2018 година, а единствениот контакт со клубот го оствари така што испратил СМС порака до новиот тренер Љубомир Врањеш.

По што дојде до незадоволство кај Унгарците, па поставија сума од 1 милиони евра за неговата слобода.

Палмарсон веќе стигнал во Барселона на нашиот голман Борко Ристовски, а на тренинзите ќе им се приклучи веќе од понеделник.