Нов играч на ПСЖ: Швеѓанецот Екдал Ду Риц во тимот на Раул Гонзалез!

Минатата година, поточно во јуни шведскиот лев бек одлучи да паузира од ракометот на само 27-годишна возраст после пет сезони во дресот на Рајн Некар Левен…

Но, во февруари Екдал Ду Риц направи изненадувачки кам-бек во клубот од Манхајм да помогне во обидот да се освои третата титула по ред во Бундеслигата.

Денеска и официјално беше објавено дека од следната сезона ќе го облече дресот на ПСЖ (две-годишен договор) кој воедно ќе биде предводен од сегашниот тренер на Вардар, македонскиот селектор Раул Гонзалез.

Тоа е третото засилување во редовите на францускиот клуб за наредната сезона, откако претходно се обезбедија услугите на данскиот пивот Хенрик Тофт Хансен и шпанскиот одбранбен играч Виран Морос.