Нов американски крилен центар во редовите на Работнички

Лидерот во Првата македонска кошаркарска лига доведе нов американски интернационалец…

Станува збор за 29-годишниот крилен центар Шон Еванс кој претходно настапуваше за аргентинскиот состав на Бока Јуниорс.

Во тамошната лига за шест натпревари имаше просек од 6.5 поени, 4.8 скокови и 1.0 асистенција по меч. Има интернационално искуство играјќи во Европа, Азија, Латинска и Северна Америка.