Ништо од трансфер во Вардар, Мандалиниќ го засили Фуксе Берлин!

Иако се шпекулираше дека е можна преселба на Хрватот во македонскиот и европски шампион…

Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите за минатата сезона, Стипе Мандалиниќ (25) од 1. јануари ќе игра за германскиот Фуксе Берлин.

Левиот бек ќе ги напушти редовите на ППД Загреб и ќе го засили бундеслигашкиот состав предводен од тренерот Велимир Петковиќ.

Според клупскиот официјален сајт тој ќе остане во Берлин најмалку до крајот на натпреварувачката сезона 2017/2018.

Потсетување, дека на крајот од сезоната со „црвено-црните“ ќе се разделат Лука Циндриќ кој оди во Киелце и тренерот Раул Гонзалез кој пак одлучи од 2018/2019 да го води ПСЖ.

Исто така, произлегуваат шпекулации дека можно е од наредната сезона во Вардар да дојде хрватскиот голман Иван Пешиќ од Мешков Брест како замена Арпад Штербик кој пак се очекува да го засили Веспрем, како и дека столбот во одбраната на Вардарци, Илија Абутовиќ ќе го облече дресот на Рајн Некар Ловен.