Младиот косовски репрезентативец Броја е второто засилување на Шкупи

Фудбалскиот клуб на Шкупи го потврди и своето второ зимско засилување…

Станува збор за еден талентиран играч од средниот ред кој досега настапуваше за У21 младата репрезентација на Косово, Рон Броја.

Тој со екипата на Трепча 89 успеа да освои национална титула шампион. „Несомнено сум многу среќен што сум дел од најуспешниот албански клуб од Македонија. Освојувач на три титули во првенството и купот, без двоумење го направив вистинскиот избор. За мене ќе биде и важно што ќе играм и пред верната навивачка група „Шверцерци“ и верувам дека заедно ќе постигнеме многу успеси“, рече 21-годишниот Броја.

Во младинската кариера бил дел од вториот тим на Гент, како и во уште еден белгиски тим на позајмица, К.М.С.К. Деинзе.

Има пет настапи за У21 репрезентацијата на Албанија, а четири за У21 репрезентацијата на Косово. Следните денови се очекува исто така ФК Шкупи да објави нови засилувања во пресрет на пролетниот дел од сезоната.

Да додадеме уште дека досегашниот член на ФК Шкупи, Седат Бериша ја продолжува кариерата во албанскиот клуб Влазнија.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Љамчевски прво зимско засилување, двајца играчи се разделија со Шкупи

Шкупи во Анталија закажа пет контролни мечеви (ФОТО)