Митев и Мамузиќ од МЗТ на позајмица во Струмица и Кожув

Младите и талентирани играчи на МЗТ Скопје Аеродром, Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, сезоната ќе ја довршат во екипите на Струмица односно Кожув, каде што ќе настапуваат како позајмени играчи.

Причина за овој потег е тие да добијат поголема минутажа, а со тоа и искуство, кои ќе придонесе уште повеќе да напредуваат во својата игра.

Ваквата одлука е донесена во договор со управата и стручниот штаб на шампионот, а пред сѐ во интерес на двајцата кошаркари.

По крајот на сезоната, Митев и Мамузиќ ќе се вратат во таборот на МЗТ Скопје Аеродром каде што ќе продолжат да ги одработуваат повеќегодишните договори со „металците“.