Мишковиќ во Гостивар, а Фени Индустри го ангажираше Лохорн

Нови трансфери на македонскиот кошаркарски пазар…

Кошаркарскиот клуб Гостивар го доведе српскиот интернационалец Немања Мишковиќ (208 см, центар)…

24-годишниот играч доаѓа како замена за Александар Тодоровиќ кој претходно ја напушти прволигашката екипа.

Своевремено беше дел од Крагуевац, Партизан, Мега Визура, Смедерево, грузискиот Батуми, Јагодина, Напредак, а последните две сезони ги помина во Борац Чачак.

Фени Индустри го ангажираше 28-годишниот американски плејмејкер Дени Лохорн (183 см). Оваа сезона ја започна во украинскиот состав на Динамо каде што за седум натпревари имаше просек од 12.6 поени, 4.3 скокови, 8.3 асистенции и 2.3 украдени топки по меч.

Исто така, ги бранеше и боите на чешкиот клуб Храдец (10.3 поени, 4.0 скокови, 5.9 асистенции и 1.0 украдена топка).