Мираљас од Евертон на позајмица во Олимпијакос

Напаѓачот на Евертон Кевин Мираљас ќе игра во Олимпијакос како позајмица до крајот на сезоната.

Белгискиот интернационалец одлучи да го напушти „Гудисон Парк“ и се пресели во грчкиот клуб каде што веќе настапуваше во периодот од 2010-2012 год. со 52 натпревари и 34 голови.

Оттогаш па досега за премиерлигашката екипа имаше 151 одигран меч и 29 погодоци. Последниот настап го имаше во декември во Лига Европа во победата над Аполон Лимасол.