Матлиевски е новиот тренер на Пролет

Ракометниот клуб Тинекс Пролет официјално објави дека после завршувањето на разговорите со РК Металург нов негов тренер е Никола Матлиевски.

Тој е поранешен играч на РК Тинекс Пролет каде настапуваше од 2005. до 2011. година, а после завршување на ракометната кариера ја започна тренерската во младинската школа на таа екипа.

Задоволство е на управата на Пролет што именувавме млад и амбициозен тренер кој е пред добивање на Мастер Лиценца и се надеваме на долгорочна соработка.

Воедно му се заблагодаруваме на Проф Гино Стрезовски за пружената рака во овој период“, информираат од РК Тинекс Пролет.