Македонскиот репрезентативец Мекиќ потпиша за Куманово

Адем Мекиќ е новото име во кошаркарскиот клуб на Куманово 2009.

бекот пристигна од редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје и ќе има можност да дебитира сезонава за КК Куманово во Балканската (БИБЛ) лига в среда против бугарската екипа на Рилски Спортист.

Мекиќ играше за „металците“ од 2014. година, минатата сезона во домашното првенство во 13 натпревари имаше просек од 2.9 поени и 1.2 скок по меч, а исто така играше и во Еврокупот (4.1 поени/2.9 скокови).

Мекиќ во аеродромскиот клуб немаше голема минутажа, па се надева дека повеќе ќе биде на паркетите во дресот на КК Куманово.

Да додадеме уште дека 21-годишниот кошаркар се наоѓа во поширокиот список кај селекторот Јорданчо Давитков за престојните претквалификации за ЕП против Словачка и Швајцарија.