Македонскиот репрезентативец Маџунков во Јединско Бемакс

Јединство Бемакс го претстави македонскиот среден блокер Филип Маџунков.

Во црногорскиот клуб очекуваат нашиот репрезентатиец да биде еден од носителит на играта во новата сезона.

Се надеваме дека и оваа година ќе ја освоиме двојната круна и да се пласираме во 2. коло од Лигата на шампионите.

Ќе го дадам својот максимум, и се надевам дека ќе успеам да му помогнам на овој тим, бидејќи имаме одлични услови и тренери, верувам дека можеме да направиме многу преку заедничка работа“, рече Маџунков.

Маџунков оваа година со македонската селекција беше втор во Европската лига, а просечно по меч имаше 5,5 поени.

Фото: radiobijelopolje.me