Македонскиот репрезентативец Караџовски го засилува Работнички

Македонскиот репрезентативец (33) после три години го напушти кошаркарскиот клуб на Куманово…

Димитар Караџовски одлучи да го облече дресот на Работнички за прв пат во својата кариера, откако претходно беше дел уште од МЗТ Скопје, исландските состави на У. Скалагримур и Стјарнан, потоа Пелистер, Торус, бугарскиот Рилски Спортист, Кожув и Фени Индустри.

Тимот од „Градски парк“ има одлична сезона, со остварени 21. победа и максимално 42 бодови во генералниот пласман на Првата лига.

Плејмејкерот и бек Караџовски во досегашниот дел од нашето првенство за 20. натпревари имаше просек од 14.4 поени, 3.8 скокови, 5.6 асистенции, 1.2 украдена топка, а во Балканската (БИБЛ) лига имаше просек од 18.2 поени, 2.6 скокови, 5.2 асистенции по меч.

Фото: facebook.com/macedonianbasketball