Магдевски е новиот плејмејкер на КК Гостивар

Кошаркарскиот клуб на Гостивар го објави своето ново засилување…

Андреј Магдевски, македонскиот репрезентативец одлучи да го носи дресот на КК Гостивар кој моментно во првенството е на четвртото место со 18 бодови, четири помалку зад лидерот Работнички.

21-годишниот плејмејкер досега ги бранеше боите на Фени Индустри, потоа беше дел од Уникаха Малага (на позајмица во Ринкон), потоа Партизан и ОКК Београд.

Новиот првенствен меч гостиварци ќе го имаат на 13. јануари дома против Фени Индустри.