Лукас Моура од ПСЖ во Тотенхем за 25 милиони фунти

Официјално Лукас Моура е нов фудбалер на Тотенхем…

25-годишното бразилско репрезентативно крило доаѓа во Премиерлигата од редовите на ПСЖ.

Во дресот на „светците“ имаше вкупно 152. натпревари и 33. реализирани голови, а својата професионална кариера ја започна во Сао Паоло.

Со францускиот клуб успеа четири пати да ја освои титулата во Лига 1, а три трофеи има од националниот куп на таа земја.

Со Тотенхем потпиша пет-годишен договор (трансфер вреден 25 милиони фунти) и ќе го носи бројот 27. на својот дрес.